секако (прил.) - е (гл.)

Маркс секако е победен, но победен е од Жозеф де Местр.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во новово време се згоди во едно претпријатие да одработам цели десет години ама правилата на животот се сменија и веќе одамна никому не му се подарува никаков часовник што секако е една од причините некои луѓе сѐ повеќе да се чувствуваат изгубени во времето а нивните души да скапуваат во контејнерите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Зарот секако е фрлен. Додека тој се тркала. Едо ќе се опушти па ќе види...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најбруталната верзија на таа претстава секако е југословенската ситуација, но тоа се - секако во помала мера - и германската и француската, како и ситуацијата во САД.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Делото кое најмногу оставило впечаток кај творечки расположените индивидуи и кај читателите и театарските адоранти, секако е комедијата за дубровничкиот богаташ и скржавец, Дундо Марое.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)