секаде (прил.) - каде (прил.)

Го познавам дворот и гумното ногу убаво и секаде каде треба оген клавање, јас ќе го клада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На островецот, во поширокиот манастирски двор, крај патот и секаде каде што нашле погодно место, изнаредени се тезгиња на разни прематари каде што може да се купи сѐ и сешто;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секаде каде што ќе сретневме луѓе, познати и непознати, добри и лоши, на сите им го кажувавме името на нашата мајка, името на нашиот татко, имињата на нашите сестри и браќа, нашите кришни знаци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)