секаде (прил.) - ми (зам.)

Ми подигруваат некакви скокалчиња во воздухот и од секаде ми бучи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вртам по бараките, наѕирам, се заѕирам: секаде ми се белеат острижените глави, небаре глуварчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Осеќам како ми расте, ми набрекнува телото, од секаде ми се јавува, ми одговара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секаде ми се закречила крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СИМОН: Секаде ми е исто. Затворен сум јас меѓу земјата и небото. Нема бегање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)