Барем сапун и вода секаде има, ако нема некои поголеми удопства.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во затворите секаде има два режима. Еден воведен од власта, другиот од самите затворници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Повели, повели! За добри луѓе секаде има место, - одговори Никола.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сујак продолжи: - За мене секаде има работа... Јас сум трговец на кожи. Животни секаде има...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Одам секаде кај што одеше Јон, кај што работеше. Ја гледам трупалката, кај што сечеше дрва, коралницата на која ги овчеше колцата, кај што ја точеше секирата, брадвата теслата; ги гледам деланките, секаде има по нешто негово, по некој засек, по некоја сенка, стапалка, а него го нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секаде има шум, со шум си заобиколен, тој не те напушта и во длабините на градскиот парк, а како ехо се носи и се слуша и во пазувите на Витоша.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)