Беше гладен, чуваше во себе едно тивко сожалување кон оние неуморни питачи, што и молитвеа на ноќта, клекнати поколеници и загледани во ѕвездите, но сеедно со чувството колку бесмислено може да биде тоа нивно празно завивање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Примашот и Данче се чувствуваат најмногу погодени: Тие не можат да се помират уште со некого да делат сега овде првенство. Сеедно со кого. И макар за миг само.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)