Сеедно какво беше времето, сеедно каков беше ветрот и снегот, можеа и илјада бури да зафатат сега него ништо не можеше да го оддели од неговото дело, тој упорно издржуваше во својата таинствена работа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А и на судијата изгледа му беше сосема сеедно каков ќе биде неговиот одговор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Чуварот ги виде, а за нас беше сеедно каква беше причината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)