сега (прил.) - уште (прил.)

Од Балканската војна сум војник, седум рани носам, и сега уште служам, кмет, на народот житото му го грабам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мнозина може ќе речат оти вистина добро е човек да се позамисли над прашањата засегнати во оваа книга, но сега уште не му е времето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Попставревци - коњи не ги стасува: ете, и Робе им направи чест. Сега уште зетот со сватовите да стаса...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За попладнето имав договорено да играме „народна” со другарките на “Плавата уличка” и очај ме фати кога помислив дека тие ќе играат, а јас ќе треба да седам на тие наши глупи состаноци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, сега уште и тоа, состанок! Што му требаше таа беља? – се јадосував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу се покајав што не бев сосема искрена. Ептен многу!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Требаше и за велосипедот да им кажам, згрешив, сега уште повеќе може да се искомплицираат работите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лицето и онака запалено, и онака слабо и издолжено, сега уште повеќе се слизнува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Паун Радевски сега уште повеќе ја стегна чашата в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пријателу, сега уште поблизок отколку пред година (зарем веќе има толку) кога замина.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Требаше навреме да открие што црв имаше влезено во нејзиниот Костадин, уште кога почна да го алка местото околу селото, тогаш требаше да го врзи за гашникот, сега уште ќе си беа во тоа богато и мирно и топло и спокојно село.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Олелее! – плаче Зоки сега уште погласно. – Баба, ба...баба не ми да-дава да сле-слезам од масатааа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Можеби сепак беше поупатно да останам дома“. (Сега уште повеќе го штедам гласот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некое ќе потклоцне во сонот, некое ќе каже нешто нејасно, јас ќе го прашам што сака, а тоа пак ќе каже нешто, ама сега уште понејасно од првото кажување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е, ај, ќе се стидам, вели лиферантот, а Гојко сега уште повеќе се разлутува, ги закрвавува очите и вика: - Марш, џукеле, вика, напоље, лопуже, говно вам ваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)