сега (прил.) - точно (прил.)

Но дури сега точно сфати што значеа нејзините тогашни зборови, а и сите оние други предвидувања што му ги кажа дури долги години подоцна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да, глас беше и јасно го слушна. Сега точно знаеше на што тој се однесува.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неделко Шијак, ако паметам сега точно, лежеше на својата кола подалеку од огновите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега точно знам што ќе ѝ изнаречам на жената.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И се чудев зашто никој не го побара лековитото грутче во говедската жолчка, таа тајна кон која пред тоа се стремеше очајот на еден болник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега точно знам, ако тогаш во некои моменти не сум се внесувала сосема во неговото расположение, дека мислата на моето заминување ја доживуваше како голема опасност, та сега сакаше да се одбрани.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)