сега (прил.) - сѐ (прил.)

Доста е јасно дека сите студентски судири (како и пошироко, на нивото на глобалното општество) околу претставништвото, делегациите на власта, од истата причина, сега сѐ уште само фантомски перипетии кои се, меѓутоа, сѐ уште доволни, од очајание, да го заземат првиот план.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мирно е сега сѐ додека лежиме обата два исечени трупа две болки два суви извора врз кои не слетуваат птици врз кои не пукаат песни.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Пилињата, што тој ѝ ги покажа на Рози кога беа стари само еден ден, сега сѐ уште немаа гребени и кикиришки, и личеа како мали кокошки, гиздави и убаво покриени со мазни пердуви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Атмосферата беше опуштена, нормална. Се зборуваше за бракот, што е брак, што тоа значи, зошто е потребен, како се склопува, што е подобро: брак од интерес, со стројници или како што сега сѐ повеќе прават младите: од љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кои се ограничувањата на ХТЛМ? За сега сѐ уште универзален компјутерски јазик користен на Интернет, HTLM и браузерите што го интерпретираат создаваат квантитативна структура на размена која го режира текстуалниот или говорен тек и го регулира неговото ширење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стандардизацијата на форматот на податоци, како резултат на хегемонија или доминација (GIF за слики, цхарацтер-басед формат за текст, доминација на англискиот јазик итн.), е концептуална рамка за HTML - HypeTextMark-up Language.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега сѐ е мирно. Сега ништо нема. Смири се и ти. Спи.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сега сѐ поначесто се сретнуваме на плоштатчето пред капелата. Види како дојдоа работите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)