сега (прил.) - сосема (прил.)

Па да видите, сакале или не, вие се позапирате и сега сосема сериозно, сами себе, се прашувате: - Таа беше или не?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дури и татко ми сега сосема ретко помагаше во домашните работи, на кое таа го навикнуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Верувај, миличок, и сега сосема јасно ја чувствувам нивната радост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Збиваше како да избегал од водите на потокот за кој му зборував и, сега сосема наведнат, гледаше во моите раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Зад ридот најдов поток“, реков. „Се миев. Ништо друго.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму, горе, по белината на скаменетиот снег, по која што се распознаваа траговите од јазиците на ветерот, почнуваше да зацарува некое волшебно усвитување, и тој знаеше дека тоа го носи оној сега сосема неразбиен бран на виделината, што продолжуваше да надоаѓа од зад планините, додека во сенките под него сѐ уште лебдеше густата модрина на ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се доближи полека, прикрадувајќи се, на она место, го подигна предното ноженце божем да пречекори уште еднаш, но ноженцето сега сосема само се врати назад и срнчето отскокна пак, сврте неколку пати поигрувајќи по собичката, секогаш повторно доаѓајќи од она место и секогаш сѐ побезумно отскокнувајќи назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)