сега (прил.) - сигурно (прил.)

Сега сигурно ја гушка мајка си и ѝ ги брише солзите сметајќи дека на тој начин ѝ ја смалува болката во срцето. До вечерта денот уште голем.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа верува дека на оној човек што не го познава, кому не му го знае името, кој, боже прости ми, како да не е тука, сега сигурно и не е тука, таа може му ја гледа само сенката, единственото нешто дека некој негде се наоѓа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Зајачето си отиде дома. Сега сигурно си лежи во своето топло легало и сонува пролетни соништа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Неговите очи беа огледало на неговата душа, која сега сигурно зрачеше и црно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И јас решив да патуваме. – И сега сигурно знаеш на какви опасности се изложувавме! – Јас тогаш знаев само дека се готви „соединувањето” со Италија!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)