сега (прил.) - повеќе (прил.)

Во тие подготовки вложувал сега повеќе труд и пари, покрај другото и заради потребата да го покрие колку што е можно поуспешно таканаречениот случај „Прислужничка“ и за да се претстави како човек, не само на добри намери, туку и на голема саможртва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Без ни најмала надеж дека ќе најде работа, тој очајно повтори, сега повеќе за себеси: - Утре си одам, си одам - каде ќе гледаат очи!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мене сега повеќе ме интересира, зошто не доаѓа тој проклет детектив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што му е тоа, што му е, пак, сега? Живко можеше секогаш да те изненади, но сега повеќе би очекувал од него да извади од џебот шишенце тоникум за гаргара на грлото. - Не? Ни ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја сакаше ли својата жена сега повеќе, гледајќи дека таа му се измолкнува?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Границата сега повеќе не можеше ниту пиле да ја пролета.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа јас сега повеќе немам зошто да живеам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Хеликоптерите сега повеќе се употребуваат отколку порано, авионите - бомбардери се во голема мера заменети од самонаводни проектили, а лесно ранливите подвижни воени бродови им го отстапија местото на речиси непотопливите Пловечки тврдини; во секој друг поглед не е направен речиси никаков напредок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)