сега (прил.) - натаму (прил.)

До крајот на денот Пелагија и Перса уште еднаш убаво се договорија дека од сега натаму таа, баба Перса, ќе ја има грижата малечката Пелагија навреме и безбедно да стигнува до училиштето и од училиштето до дома.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И ние двете се грижиме за неа како и ти, ама од сега натаму повеќе да се грижиш за куќава кога останува сама отколку за Пеличка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајко Персо, вели Пелагија, од сега натаму мојата грижа ќе биде само за Пеличка и за тебе, за никого другого!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)