сега (прил.) - веќе (прил.)

Сега веќе зажали што е писмен само на еден јазик, што не ги научи јазиците на другите балкански народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како направил и што направил не знам, ама сега веќе мојот народ ни верува ни ја применува поговорката: Да му цркне козата на комшијата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ослободен од онаа напрегнатост во деновите на копањето, сега веќе без работници околу мене, повеќе од две недели мислев на повеста што требаше да ја напишам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поправо, сега веќе кај работниците не е во прашање нестрпливост, колку амбиција - сакаат да имаат успех, никој не сака јалов крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе поминат тие петнаесет сантиметри, ќе се јави друг: Сега веќе, кај да е, ќе смени! Абре ќе смени, како не ќе сменела!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сѐ почувствителна на неговата дразба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се чинеше, Орде барем така си помислуваше понекогаш, а и сега кога нункото му кажа за нејзината љубов, - дека тоа заправо не се татко и ќерка, ами дека е тој некој силен и лош змев што ја грабнал неа, убава девојка од далечна земја, и сега веќе двата остареле во оваа куќа, загинала и неговата сила и нејзината убост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во такви касели порано невестите ја токмеле својата руба, ги има во секоја наша куќа, но сега веќе се излезени од модата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како и порано, пак Толе отиде кај Андона и овој го покани да преспие кај него, ама сега веќе начисто дека Толе е излезен од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- „Сега веќе нема од што да се плашиш“, - нежно, како ретко кога, зборуваше момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Добро, добро. Сега веќе сѐ е готово! Ајде, излегуваме - разговараше Бојан со своето куче и го галеше по главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но сега веќе беше доцна за помирување и љубов; јас бев преплашен од Луција и од нејзиното тело, таа беше повредена, јас гневен за нејзиното неверство, таа гневна на мојата одглумена сексуална рамнодушност, и конечно јас бев до срж унижен со тоа што песнарката се најде во рацете на Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И како веродостоен доказ за вистинитоста на својата приказна ја земаа месечината - Бог направил така, таа ноќ испратил да грее во Потковицата и на земјата јасна месечина, јасна небаре јасно сонце, за да им го осветли патот на праведниците, на свети Јован Крстител и на Бошета нивни: сега веќе не Јанчески, туку нивни, од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега веќе не те пуштаме да мрднеш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Служителот не се огласи. Тоа ме разбесни и јас затропав уште посилно, сега веќе само со нозе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но бргу се исправа и сега веќе нежните акорди на „Месечева светлина“ се заменети со нешто морничаво, сега веќе Брукнер го заменува Дебиси.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Сега веќе има претставници на науката, како професорите И.А.Бодуен де Куртене,114 П.Лавров115 и В.Јагиќ, 116 коишто гледаат на македонските наречја како на одделен претставник на словенската фамилија јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред десетина години, кога се уште непознатото во театарот го анулирав со конкретни примери позајмени од теоријата и сценскиот практикум по софиските едукативни центри и театри, во едно неделно поладне гарнирано со млеко во тетрапак и балканска меланхолија, тогашниот мој „сокафезник“ цимер, Митко, сега веќе граѓанин на Лондон, ме праша: - Ја познаваш ли Роза Радичкова? - Која е таа?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега веќе не се ни сеќаваше за што зборуваа, само знаеше дека поради некоја причина мораше да се наведнува и секој збор да му го шепоти на уво, иако музиката не беше толку гласна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако ќе излезат, Луков му наредува на Методи, сега веќе деловно и суво.) Методи, вратата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега веќе таа го смирува него.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега веќе неговиот глас е подруг, топол, загрижен, а тој самиот е замислен, загледан негде пред себе.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На крај се смирува седнат покрај масата и одново пие. Сега веќе посмирено.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако сакаш да знаеш, во сево ова има толку многу конвенционалност, што сега веќе може да возбуди само некој оперски херој како што си ти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој дојде во селото, ме повика во дворот, ме погали и ми рече: „Сега веќе, синко, си голем.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа само се погледнаа и сѐ беше во ред. Сега веќе беа добри пријатели и секоја вечер заедно го затвораа дуќанчето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нека биде простено сето тоа и нека биде чисто од нив, сето она напред, а сега веќе немаме ни за што да се гриземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, сега веќе тоа со секој ден носеше сѐ помалку бол. Или тоа болта стрпливо му се вселуваше в душа, станувајќи од неа дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној огромен Ристан, истеран, отфрлен, се меткаше по градилиштето, готов да се расплаче на секој збор, со оние свои огромни раце, што не можеа да бидат скриени никаде, толку голем, а толку ненужен, а лавот на црвеното сонце сега веќе крвавеше низ устата со некаква болна пена, врескајќи и превиткувајќи се, устрелен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас заминав по тебе и ти си таква за да бидам сигурен дека ниеден друг не би се решил да го стори тоа, но сега веќе ти никако не можеш да ме натераш ни да помислам дека постои и назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тие сега веќе беа побратими со смешување на крвта; тоа го носеше она неговото зрно во прекрасно скованото грамадно тело на неговиот прогонуван роднина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Празнуваше од тоа, беше среќен, што таа вистина, која сега веќе беше и негова, има и такви апостоли, како што беше неговиот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Совлада. Сега веќе немаше ни каде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жалеше затоа што знаеше дека она старче сега веќе имаше поверувано, оти отсекогаш било подобро и ќе продолжи да биде, да се живее вака, без да му се даде на животот ништо од себе, без да се остави во него ништо свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отаде и најпрвото што го побара, кога се обѕрна околу себе, сега веќе бесповратно оставен самиот со себе, без денот, беше една ниска дебела бука, доста стара и доста глужлива, и нејзината крошна, што беше веднаш над него, на дофат, полна со сува, непопаѓана шумурина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И човекот сега веќе немал никаква несигурност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега веќе не може толку да носи, да крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега веќе и сонцето како да поостина и буките почнаа да мрдаат. Да стануваат повесели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Лежиш, брате, и умираш, полека, сега веќе поблаго рече; и самиот се грчеше од студ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
КУМОТ: (се пушта од орото). Сега веќе доста е за нас старите.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е, сега веќе ќе ми заличи куќава со невевчето. (Од далеку, а постепено сѐ поблиску се слуша свирење на чалгија и пеење на песната): Затропале тапаните Да ми одат по невестата, (Румба, румба, румба, ба, рефрен (Лиду, лиду, лиду, ду.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Така, бабо Анчо. И јас веќе како права мајка ќе те сметам. А сега веќе време е да си одам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кругот на маската сега веќе беше толку блиску што од него не можеше ништо повеќе да се види.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помислив одново на тоа дека никаде не сретнав фотографија на сега веќе потопеното Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега веќе може да го покани во време на распустот да ја посети неа, и баба му и тетките.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега веќе треба да се мисли за натаму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— „Не е лошо да а натрата на невестата Малова да ѝ жугне на ќерка му на попот да си а имаат муата на капата — си велеше Доста и пак ја гледаше нејзината Нешка, сега веќе невеста на коњ, како се исплачува со неа, со татка си и брата си, оти ќе ја остави нивната куќа и ќе стане попова снаа, на младо ѓаче невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега веќе ни маѓијата од баба Мишгачица не можеше да помогне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ох, Пелагијо! ја избакнува, ја навлажнува со солзи и качувајќи се горе, сега веќе не срамејќи се ни од Добра, ни од мајка си, ни од другите , се свртува уште еднаш и проговорува Ја враќам неговата семка во Македонија и ич не ми е гајле дали летнал со веленцето или се пикнал во некоја дупка! се притиска по мевот лесно и внимателно и потоа влегува во тисканицата, во темницата на вагонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оздола од патот го здогледаа сењакот на Алекса Ѕвездин па се поколебаа дали да се засолнат под него, ама сфатија дека сега веќе кога се живо топило, а на неколку чекори од дома, нема смисла да се задржуваат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Изненадено рече: - Кафе! - Пробај да видиш, - сега веќе заинтересирано рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега веќе разговорот требаше да стане многу стручен, но за среќа, во моментот од земјанката излезе Србин. Прв.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа беше богато, полно крстосување, вистинска радост. Но сега веќе не можеше да лета ноќе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зоки сега веќе мораше да си подголтнува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ѝ реков: „Ме радува, Рајно, многу ме радува дека сега веќе имаш на кого да се потпреш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајката Перса, сега веќе Пелагија сосема свртена кон неа, продолжи да кажува како денеска не може да се очекува да се празнува денот на мајката на Исус Христос, ама порано, вели, Голема Богородица наголемо се славела!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега веќе гледаме што се прави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега веќе ми е подојдена душата, понаместена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега веќе никој не гледа што правиме, не нѐ наслушува на кој јазик зборуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Сега веќе знам: истрагата е од 11 часот навечер до 5 часот наутро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Е сега веќе почнувам да сфаќам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ја замислив пролетта во која никнале шарените, сега веќе суви китки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Господине - сега веќе со посмирен глас – господине астиноме денес е Велигден...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега веќе и не ги гледаме, само ѕвончињата кажуваат дека уште се близу.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)