сега (прил.) - веднаш (прил.)

- Не тато, не сум, - реков, иако не знам што сѐ би дала сега веднаш да можев да се покријам под јорганот, таму да го скријам лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Соколе, земи ме бегалка - како да му вели таа - сега веднаш, зашто утре ќе биде доцна”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Тој е наш мртовец“, додаде. „Сега веднаш овде ќе ни го дадете!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Сега веднаш, веднаш ќе ги доведам, чорбаџи Панде, - се протегна тој, ги зеде парите и мигум, нишајќи со својот голем стомак, тргна накај големата анска порта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)