Текстот на овој пруски патописец го знаев од порано, но сега целата моја ситуација беше поинаква, така што, имав потреба пак да го прочитам. Го читав со трепет.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Првото, што го побара кога се исправи, беше пак онаа негова долга француска пушка и тој сега целата вечер ја чистеше неа на виделината од фенерчето, што реши вечерва да го запали.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Над аурот имаше едно одајче, сега целото во пајажини и од кое се излегуваше на едно чардаче виснато високо над реката, чардаче до коешто се качуваа надворешни скали и на чиишто други имаше дупка во душемето за понадвор.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)