сега (прил.) - пред (предл.)

Тој ќе биде вистински Турчин кога ќе порасне, извика Петре, тој ќе биде може вистинскиот ибн Бајко, а овој што го гледаат сега пред нив, хахаха, ќе биде тогаш само абу Бајко, така?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега пред нашите очи беше бунарот што водеше до скривалиштата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама, сега пред нив ми ти застанал човек со црвено лице и руса кадрава коса како од пламен, коса од која излегува густа, густа пара.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да, ова побелено, безабо, испиено старче беше Ѓорѓи Прчев, големиот актер на повоениот македонски театар, необјасливо исчезнат од својата комфорна куќа на Водно, сега пред смрт во скромна католичка болница за сиромашни во далечната Индија.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Токму сега пред малку се стишија топовите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)