сега (прил.) - можеби (мод.)

Змејко знаеше многу ловци што ги вабат. Сега можеби би било добро и тоа вабање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можеби и беше предоцна, кога сите подготовки беа извршени, главните речници за турцизмите во балканските јазици беа консултирани и претстоеше подготвување на листата од сто зборови од кои требаше да се состави на крајот речникот на турцизмите кои требаше да бидат отстранети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега можеби ќе знам, ќе сфатам зошто дедо ми си зборува сам! - си помисли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да го поздрави и сега можеби да му рече дека нешто сфатил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)