сега (прил.) - дете (имн.)

КОТЕ: А, хах!... Демек, сега детево твое, со господа напред, во Америка ќе оди?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега децата ќе јадат млака лубеница и нема да им се бендиса!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Заповедно им рече на братучедите: - Слушајте сега деца: ДОЛУ ПАНТАЛОНИТЕ! – им искомандува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ајде, сега деца, вели, простете се со мајка ви, вели, оти ова ќе ви биде последно видување, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)