сега (прил.) - овој (зам.)

„Кој е сега овој?“, се прашувам, и прво ми паѓа на памет дека дошле за струјата ама ноќе не предупредуваат, само без предупредување ја сечат наутро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Подоцна, во партискиот комитет, врз основа на конфузните доставки, се обидуваа да го состават мозаикот на потребната вистина па на крајот немоќни да дојат до посаканото лесно обвинение, немоќни, извикуваа: Кој е сега овој господин Сеген со козле?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)