И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Што ли ќе биде сега ова, си помисли загрижено, кога Камилски задоволно рече: Пријатели, доста работевме бадијала!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Што ти значи сега ова. Како, бе, да сме се спаселе од самите себе?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Што е сега ова, си реков! Незадолжително прашање или неусетна провокација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
(Добро, си рече, сега ова да го наречеме (Ѝ ги крена нозете!...).
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но, што беше сега ова, виденово, како да е жива вистина?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Што беше сега ова? Сакаше ли бегот од него да направи кодош, само затоа што доброволно се потурчил?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Козите на Чанга како да си го знаеја редот, па сега ова негово непредвидено истрчување и запирање пред непознатата коза не ги предизвикуваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Што ѓавол е сега ова? Глушец ли е, жаба ли е, птица ли е?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Што е сега ова? Па јас веќе не сум волшебник! Јас не сум волшебник! Мојата волшебна моќ пресекна!“ - си помисли Димче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)