сега (прил.) - сфаќа (гл.)

Сега сфаќам од каде потекнуваат сите проблеми и кризи во главата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Стоеше згрчен и извалкан од она во него. Тој секако дури сега сфаќаше сѐ што стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега сфаќав зошто не ги довршил студиите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа навистина можеше да се случи и ќе беше протест, дури сега сфаќам - дообјасни Стариот писател. – Веројатно сакаше да ми укаже тој делегат дека е смешен ставот за промовирање заслужени поединци од областа на културата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа е исплашениот Зоки Поки. Дури сега сфаќа што направил.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)