сега (прил.) - сме (гл.)

Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нѐ натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дедо му Аврам му ја стави раката на рамото и му рече: ”Отиде баба ти чедо... Сега сме без неа...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да се молчи, да не се засилува огнот со железо, да не се загризува неначнат леб, да не се оди по главни друмови, да не се гледа во ноќното небо, набаре непознати, како никогаш да не се виделе, како никогаш да не се допреле: сега сме два живи камена, некогаш само ветар меѓу нив ќе се провира и пишти...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Не гледал ли дека утрото го сменува денот, а летото есента и зимата, а? Сега сме ние тука.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Да те чуе татко ми, ужас ќе го фати – ѝ реков.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега сме на куп сите женски од нашето семејство – забележа тетка Ане, видно задоволна од тој факт.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што можете да ми направите? Да ме затворите? Повеќе одошто сум? Сега сме сите затвореници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Влегува Соња.) Сега сме сите на број. Може да почнеме. (Ја пее интернационалата): На нозе презрени и гладни на нозе робје од цел свет!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Уште порано пративме човек со нешто пари, ги потсетил Онисифор Проказник. - Тој ви кажал, мислам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме четириесет и три воденици и ни беа нужни осумдесет и шест тркалезни плочи за мелење. Сега сме помалку. Останавме најтврдоглавите. Дваесет и деветмина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега сме во времето поделено на сега и вчера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега сме тука кајшто сме талкајќи низ вековите се изнаслушавме врапчешки џивкања на соништата им стававме перници од теракота - ем црвени, ем вековити да бидат и така дојдовме до реката и тука научивме дека за да ја минеме реката сака да направиме мост и тука некој ѓоа во доверба ни шепна дека ако нема напред нема ни назад
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Е, сега сме сигурни! - олеснето рече мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Немам татко - одговори Трајче. - Татко ми го убија Германците кога го бомбардираа Белград. Сега сме дома јас и мајка ми.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: Тоа не е возможно. Сега сме на работа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Воопшто, децата ме сакаат и сега смеам да си играм со нив, да им купувам топки, да ги носам на сладолед, на сладолед со шлаг, смеам да им купувам џиновски гроздови балони, со чета весели деца да ги опседнувам нишалките и вртелешките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој ненадејно ќе посака да им се посвети на други, непогрешливи, подобри планови?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Мочај колку сакаш, му велам, сега сме на полпат и мочај колку сакаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега и јас не гледам, му велам, сега е ноќ и никој ништо не гледа, - Е, фала ти што ми кажа, вели журчанчето, значи сега сме исто несреќни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од сега сме тука, ко „циганот“ што се спрема да го украде вашето дете.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)