сега (прил.) - очекува (гл.)

Јас, Маркос, сега очекувам брзо напредување на Деветтата и Десеттата непријателска дивизија. - Стана, се доближи до воената карта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега очекувам да го видам нивниот лет и да го чујам нивниот кликтеж, кој ќе ме слави и прославува, кој ќе ме штити и заштитува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
за познатиот хермафродит Ann Malreaux која самата себеси се оплодила и сега очекува дете; можам да ја прочитам автентичната исповед на канибалот на кого децата му се најомиленото јадење на менито бидејќи имаат вкус на риба...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговото око имаше сјај, но не се погодуваше веднаш, дали е тоа сјајот од нападната кивавица, или од неговата следна намера, која тој ја беше испланирал најверојатно уште при своето доаѓање, а сега очекуваше да ја изведе како вистинска претстава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)