сега (прил.) - знае (гл.)

Дики: Не сум знаел дека си филмска ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Што е, тука е. Сега знаеш, јас сум супер ѕвезда, јас сум ѕвезда над ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега знаев дека до празникот, до кој остануваа само уште пет дена, не ќе може да се лее. Сеедно!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега многу често знае да каже ...сега знам како треба, само да можам да ги вратам сите тие години назад...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но сега знаеше дека му е намалена храната на другото јагне, рожбата на овцата, па веднаш донесе во копанка солени трици, ја издвои овцата која отсега повремено ќе требаше да дои две јагниња ѝ ја даде оваа додатна храна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оттука и бесмисленоста на сите прашања околу некакви намери што се труди да ми ги прикачи иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема и да оспорат ништо во случај да не постојат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби пак се излажав, си реков и ги затворив очите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сега знам: тоа тогаш беше пустинска фатаморгана, виѓаваш нешто што го нема!
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сега знаев дека Пенчо се трудел да личи во одењето на својот мајстор во апашкиот занает.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега знаеше дека во нивните коментари и желби за него има многу љубов, оти родителот секогаш го сака она што е најважно за своето дете – удобноста на конформизмот и медиокритетот (до овој заклучок, се разбира, дојде многу подоцна, кога навистина се истрижа и почна да носи не само пошироки пантолони туку и боксерки).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега знаеше дека сите оние спорадични немири кои одвреме-навреме ги заплиснуваа како вода која при одење се подистура од преполна кофа не биле само одеци на косовските.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега знаеше дека сите тие дискусии биле само навидум плодни, а всушност биле јалови, испостени како влажна земја на која со години се садел ориз, па сега не може да прими ништо друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега можеш, сега знаеш која сум! Робот од твоите соништа! Нели?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега знаеше дека, заедно со него, заоден по неговата дира, и тој мршар, и тој негов волк, преку целиот ден, всушност продолжуваше само да се крие, да се засолнува од сите други волци, а дека тоа можеше да се прави најдобро само во неговата близина, во која другите не се ни обидуваа да навлезат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега знаеше добро дека ќе мора да стори нешто, доколку не сакаше да остане да чмае наполно гладен среде тој снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури сега знаеше дека мора да преземе нешто ново.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, дури јас влечев од натисканите торбулиња што кога ќе го отвориш патентот се расцветуваат како свежа зелка, а некој би рекол „пуни ко шибица“, тој се нудеше да ми помогне, и онака, сега знам, не „ради реда“ ме потпрашуваше: „Од каде ти е ова робава“, па „од каде ја носиш“, па „како ја пренесуваш“, па „како ја озаконуваш?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега знам дека изутрина ќе си дојде, ако може да си дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште мајка ми велеше: „Кога се раѓа женско и стреите плачат“. Јас тогаш не знаев оти така ми вели мајка, ама сега знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Лежи. Ќе запалам оган. И не срами се - сакаш ли малку ракија?“ Сакав вода и молчев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде друга птица со глас на Спиро Првославец и кажа дека сега знае, пресметал, утре пред ноќ дружината ќе биде во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега знаеше. Тоа не беше страв од осаменост и од затворен простор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги затвори очите во целосното сраснување, избегнувајќи ги надворешните впечатоци, самрачната светлина; одненадеж толку уморна, но сигурна во својата победа, без да ја слави како толку нејзина и толку чекана. Ѝ се пристори дека една од двете слатко плачеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клара беше крај неа, повторувајќи гестови и воздржувања, сега знаеше, како по генерална проба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега знае дека не смеат да ја мажат, оти по првата брачна ноќ сите прсти би покажувале на нив, на децата на нечестивиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега знам која е мојата муза. Тоа е моја пријателка, моја љубовница, моја соперница.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
По неколку години лежење и зјапање во височина, туѓ меѓу свои, одамна веќе без родители и пријатели човекот најпосле станал и тетеравејќи се на ослабнатите нозе викнал -Сега знам како се лета!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега знаеше дека цели седум години Полицијата на мислите го посматрала како бубалка под лупа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЉУБА: А, твојата уметност! Твојата уметност... Најнапред јас навистина мислев дека ти си прекрасен, изразит, скапоцен камен, но сега знам колку ти вредиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега знам, тоа требаше да го знам порано, и јас и другите офицери. И сите поднаредници со веѓи и без веѓи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега знаеше дека горнопланинците, оние отаде нејакиот поток кај што земјата подѕирнува тап камен, не можеа да се пофалат со сит живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не, не сум пиел. Не е тоа. Бев навален над бунарот, и одненадеж, како да ми се расцепи главата. Сега ми е малку подобро. Сега знам кој сум.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега знам дека од чадот паднав во огнот, ама нема време за исправање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега знаеме како му е на слеп човек. — И на сакат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега знам дека никој немал можност да го повтори скокањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— За сега знам, му велам, ама тогаш друго ќе велиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега знам што знам и колку знам, но не сум знаела колку можам да не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега знам, вели, Горачинов ти го подгази фустанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-Сега знаете ли кој сум јас? Значи, тука некаде сме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
СТЕВО: Сега знам да пливам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
До вечерва не знаев дека постоите. А сега знам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И самиот Мехмед-паша, внук му, тогаш малечок, сега знаеше како се случи тоа и сигурно страдаше поради татко му.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)