сега (прил.) - заминува (гл.)

Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Местата на вашите татковци и браќа, кои порано или сега заминуваат треба да ги замените.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, оној нерез сега заминуваше нагоре, а тој пукаше уште еднаш и знаеше дека и сега го погоди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)