Оттука,  целосно е оправдан работничкиот сомнеж во искрените намери  на бирократизираните синдикални раководства, кои облечени во свечени костуми и вратоврски милуваат, особено предизборно,  да се фотографираат со владините функционери. 300
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност  за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со  истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот  број од вработените во РМ.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати  кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и  јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме  и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на  македонските работници.
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)