Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со оглед на тоа дека станува збор за човек кого претседателот Никсон своевремено го жигоса како „најопасен во Америка” и кому и денес му е забранет влезот во Англија поради „заканата за јавниот ред и морал”, тој воопшто не личи на злосторник.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Господине,
Според тоа што сте ми го пишувале, Патрик Крисман го усовршувал македонскиот јазик преведувајќи го романот Времето на козите што своевремено го открил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет.
Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)