свесно (прил.) - не (чест.)

Оваа постапка, во февруари 2011, заврши со осудителна Пресуда XIX K.бр. 1652/10 против сопственикот и управител на градежната компанија (градежен инженер Т. Орцев), со која тој беше прогласен за виновен за сторено квалифицирано кривично дело тешки дела против општата сигурност10 затоа што свесно не ги испочитувал одредбите од тогаш важечкиот Закон за заштита при работа (1998 – денес вон сила, бидејќи е заменет со ЗБЗР/2007).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Никогаш свесно не сум анализирал ниедна своја поетска ситуација и своите поетски пориви можам да ги следам само таму кај што тие ме водат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
-Да, но човекот е во своето тело, како во возило, во кое патува низ времето по површината на планетата Земја, на своето долго патување – зборуваше старецот. – таа непозната движечка сила која го придвижува да оди, кога тој свесно не мисли дека оди, не го остава мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од срце ми се плаче, но тоа свесно не го правам зашто плачењето ги исцрпува силите, води кон попуштање кое значи конечно тонење во ова блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Врз база на оваа реконструкција 9 јавниот обвинител од ОЈО Скопје (Ж. Крстевска Јосифовска), кој првично неосновано се прогласи за ненадлежен, сега беше должен да покрене кривична постапка пред Основниот суд Скопје I – што и го стори во април 2010, со Обвинителниот акт Ко.бр. 3832/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)