Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во таков случај позајмувањата, особено културните, стануваат посвесно и поскоро.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Човекот попусто се бореше, свесно и потсвесно, да го изгуби, да го уништи во себе животинскиот дел од сонот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа го очекуваш ти по својата смрт: да бидеш пророк над пророците – не еден од оние кои кажувале што ќе биде со човекот на земјата и над земјата, туку што е во него, и што може од него да биде, и што ќе биде според она што во себе го има, не знаејќи дека го има.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стоеше на тој раб помеѓу свесното и несвесното, таа припаѓаше во исто време и на длабокиот спокоен сон и на околниот надворешен свет во момент кога спиеше, одеше по работ, на тенкиот хоризонт на нејзините очи и чуваше стража на самата себе!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој и Чанга, и свесно и несвесно, го креваа големиот ѕид околу тврдината со кози за да ги спасат козите и луѓето од претстојните организирани удари на партијата и на власта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)