свесно (прил.) - ги (зам.)

Но, не затоа што сме кукавици, туку затоа што мислиме дека ако свесно ги лишиме од било какво значење полесно ќе ги заборавиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се разбира дека е погрешно да се гледа „Етант доне...“ како нешто малку повеќе од обичен визуелен документ за врската меѓу Дишан и Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А кога Камбиасо своите цртежи геометриски ги стилизира, кога човечките тела и лица ги претворил во кубички роботи со тоа ги антиципирал можностите на модерниот кубизам; Леже, на пример, повремено свесно ги користеше влијанијата на Камбиасо”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мажественоста на О’Хара дополнително ја поткопуваат и неговата запенета реакција околу тривијален настан од животот на женска филмска ѕвезда и неговото заземање став на средношколска возбуденост и похотливост во пресрет на скандалозна глетка, како и заземањето посвечен уважителен однос што им прилега на обожавателките на Лана Тарнер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинските мажи не поттрчнуваат. ‌Ироничната преупотреба на мелодрамата кај О’Хара не ги оспорува казнените судови на елитното општество против неугледниот поджанр, туку свесно ги усвојува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повикувајќи ја да се прибере и да застане пак на нозе, најпосле покажува извесно нетрпение; далеку од тоа дека може да смета на некакви изливи на сочувство за сопствените испади, морал да се снаоѓа без нив, а тоа е зошто неговиот завршен повик истовремено искажува и нежност и цврстина пред глетката на женска гламурозност и абјектност. ‌Тоа што О’Хара свесно ги комбинира тревожната грижа и збунетата оддалеченост го бележи неговото спознание дека тој не се квалификува за субјект на таков раскошен и мелодраматичен дискурс на ѕвезда, макар сведочело тоа и за неговиот восхит и за неговата завист кон оние што се квалификуваат.370 Неговото иронично изрекување на насловот, на крајот на краиштата, го обелоденува својот дискурс како неоснован, освен во тропата на самата мелодрама на славните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да ја одбиваш културната дихотомија што туѓото страдање го смета или за трагично или за (само) патетично, според степенот на општествена престижност на засегнатите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да знаеш дека болката ти подлежи на исмевање, а пак да не престанеш да ја чувствуваш – и да ја пригрнеш автентичноста како иронично средство за оспорување на туѓото полагање право на сериозност, со што ја предизвикуваш вткајаната логика на општественото обезвреднување која ја тривијализира болката на несериозните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
До крајот на песната, меѓутоа, О’Хара ја разграничил неволјата на ѕвездата од својата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, тука е неговото речовито користење на зборот „поттрчнував“, со кој го опишува сопственото движење по улиците на Њујорк, а кој го довршува автопортретот на мажествена родова дисонантност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека се потсетуваат на она што стрејт-мажите го заборавиле и додека го реконструираат, додека свесно ги репродуцираат изведбите за кои стрејт-мажите веќе не се свесни дека ги изведуваат, геј-мажите неминовно согледуваат што е тоа што хетеросексуалната култура го смета за природен и автентичен идентитет – за облик на суштествување, за суштина, за ствар – општествена форма: изведба, настап, улога. ‌Има други фактори што објаснуваат зошто геј-мажите се склони да ја доживуваат мажественоста како општествена норма, а не како природна онтологија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неудобно мелодраматичниот етос на машката геј-култура ја објаснува големата вредност што таа им ја придава на извештаченоста, на изведбеноста, на неавтентичноста, на кампскиот хумор и на расчараното (но не и разочарано) гледиште кон љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ведро прикажува низа афекти што се сфаќаат како будалести и патетични, кои истовремено го повикуваат општествениот презир и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако не го претставува тоа што „никогаш не паднал“ како некакваси доблест (најпосле, човекот вели „ме имало на многу журови / со поведение крајно срамно“), неговото релативно стамено однесување претставува спротивност на повластените испади на ѕвездата, чија слава ѝ дозволува да ги ползува повластиците и почитта што тој не може да ги ужива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учествувајќи во нејзината неоснована возбуда, О’Хара го проектира сопственото отсуство на сериозност, особено кога се суди според критериумите на хетеросексуалната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите иронични преупотреби на мелодрамата не ги оспоруваат казнените осуди од елитното општество на тој неугледен поджанр, туку свесно ги прифаќаат, а на нужно претераната изведба на чувствата што се сметаат за патетични ѝ го навлекуваат општествениот презир на кој таквите изведби и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оној кој еднаш стоел во потсдамската Гарнизонска црква крај гробот на Фридрих Велики и Фридрих Вилхелм I, оној кој свесно ги набљудувал старите скинати пруски знамиња по ѕидовите, нему од тие симболични ткаенини на знамињата ќе му се создаде целиот свет...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)