И добро знам, во завршниот дел на обвинението и небеските ,руристи и земските ,патриоти, наспроти полиглотите кои се сметаат за лоши патриоти, со големо уживање и најчиста совест ќе ме осудат за моето упорно ,балканско мултијазичие, за сакатењето на јазиците на кои пишував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Јас не се грижам ни за она што свесно сум го создал,“ ѝ рекол на Клара, мислејќи на своите слики.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Готови се да ме осудат на најстрогата казна, повеќе никогаш да не пишувам, затоа што со своите постојни и измислени ,балканизми невозможни амалгами, свесно сум ги мешал балканските јазици, особено мајчиниот и другиот јазик на кој пишувам загрозувајќи ја нивната чистота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„А не пак да мислам на нешто што не сум ни мислел дека го создавам, додека сум правел нешто сосема друго.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)