Со тоа беше обезбедено единиците самостојно да можат да се снабдуваат од сојузниците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Бенјамин пишува дека, во превод, оригиналот станува поопфатен; Дерида додава дека преводот се однесува како „дете“ кое не е само „продукт“ подложен на законот на „репродукција“, туку кое покрај тоа ја има “моќта самостојно да говори” во нов и стилски различен, надополнувачки јазик, што ја одѕвонува „Вавилонската нота“ која предизвикува јазиците да растат. 78 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)