само (прил.) - убаво (прил.)

И додека тој зборуваше, мене во умот, како пчела околу главата, ми се вртеше прашањето – зарем човекот треба да умре, треба да го снема од овој живот, та за него да се зборува само убаво?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Посакуваш да гледаш без престан убаво и само убаво помислата на грдото те џитка - и таа - во очај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Ете, тоа е Кукуш! - рече Грујо. - Убаво место, - одговори момчето. - Не само убаво, но и плодно - дополни Грујо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)