само (прил.) - малку (прил.)

„Добро, можеш само малку да копнеш, да видиш на што можеме да се надеваме“, велам јас со молба како што моли очајник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето нѐ утепува нас“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пак е Марко во улогата на благ изобличител на неговите занеси, сега само малку поопипливо ги разголува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа, во истата врева, само малку постивната и навидум организирана, рибите се пржат во кујната на ресторанот преку врски, а ручекот се спојува со вечерата, без вообичаена прошетка по брегот на езерото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само малку ја подотвори вратата и неколку пати извика: - Караман, кути, кути, нааа!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Салата беше скоро полна. Ние наѕиравме од само малку подотворената врата од каде што требаше да настапуваме, да излегуваме на бината.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Па и немало зошто: името Србин погостува во Македонија како политички термин само малку време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од тој центар географски ние само малку се оддалечуваме, идејќи преку Прилеп кон Битола и Охрид.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потребно е само малку за тасовите на вагата на оваа двојност да натежнат на едната или на другата страна и, во суштина, просторот меѓу оние како Јуда и оние како Лидија е многу мал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговата старечка бавност не ветувала спас. Но не бил старец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина на широките гради му недостасувал медал од кој сонцето е само малку потемно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник не отстапил. Само малку ја поткренал циганската дурија од која не се одвоил ни преку ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе те турне Јаков в пекол, само малку да пооздрави, ќе видиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Арсо Арнаутче станал од клупата и се испрчил, речиси војсководец е што се гордее со раните спечалени на невидено боиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се колнам не е дубара, свет човеку: така беше. Ако ти е жал за мене земи копач откопај ме ... (Народна.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре ќе го напишам твојот лик во вжештена смола, меѓу ороспии и крадловци, меѓу безделници и никаквеци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мал си, Онисифоре. Си раснел, не си дораснал да ми бидеш господ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку ќе ги помрднат устината и ќе се накапат на преднииите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку е приподигнат со главата и потпрен со сламена перница под плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почекајте, вели Јон, само малку почекајте, вели и оди в пондила. Јас одам по него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку ќе се потпреш на рачката од мотиката и ќе ја кренеш стомната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама на третиот ден, велеше, ловецот ќе дојде порано и со пила ќе ја засече буката на која се качуваше мечката, ќе ја остави само малку недосечена, велеше, колку да се крепи, да се држи исправено дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш само малку да му ја свртиш браздата, си мислам, само малку да му ја скршниш водата, и плеќите ќе си ги најдеш кај мевот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку да се допре до земјата, вели, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку да светка, колку око од мачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само малку ги подотворил очињата, а во нив нешто ко чад, ко облаче влезено. Ко налеиште насобрано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Остро ја дофати пурпурната роза што Парацелзус ја имаше оставено на полицата и ја фрли во пламенот. Бојата исчезна, и остана само малку пепел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првин почна да ја мачка со винска киселина. Имаше чуено дека и Исус Христос, кога бил распнат на крстот, побарал винска киселина. Само малку да му ја наквасат устата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, пределот не можеше да се припие до мостот, ниту мостот до пределот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главата на Ѓувезија Дубровска со денови мирисаше од винска киселина. Но косата и понатаму ѝ паѓаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Застана само малку, потоа го прецрта и првиот дел од печатот со своето име. Остана само девизата: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да можеше човек уште од првиот час да се привикне на такво нешто: едноставно требаше да се биде само малку глуп и лицемерен, тогаш сигурно полесно ќе дојдеше до подобра карактеристика и сѐ што следуваше со тоа парче хартија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И само малку е потребно за да затрепери сѐ во мене, за да го чувствувам мигот, Би можела да умрам и повторно да се родам, и да доживеам сѐ од почеток.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само малку пред тоа... „Оставете нѐ сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со само малку боја на вистинските места, таа беше станала не само многу поубава, туку над сѐ и далеку поженствена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан го гледаше покажувајќи му ги и понатаму четирите прсти. Го повлече лостот назад. Болката овој пат само малку се намали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А. ПАВЛОВНА: Не, навистина. Би можело ова да се пренесе на сцена скоро ништо не менувајќи, само малку да се згустат боите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само малку“, рече таа. Ја чу како се извлекува од креветот и оди во кујната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ме чуди дека си испуштил една таква убава прилика.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му реков: „Само малку повеќе да си бил настојчив, финиот капетан Живкович можел и со ордонанс да те стори.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само малку ме драсна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само малку душичка му врви низ устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само малку некаде ќе се подотвори и пак во бело ќе се завитка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сето тоа потраја само малку време, а после се’ се смири, само што и потаму јачеше громогласниот смеј на чудовиштето: – Ха-ха-ха ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Дојди - рече - качи се на мојот килим да ти го покажам одблиску. Само малку, сосема малку се двоумев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)