само (прил.) - добро (прил.)

Не е важно колку читаш туку што читаш. Може да завршиш и 3 факултета, но пасивизираноста на студентите покажува дека факултетите се само добро разработени детергенти кои тенденциозно ви ги потплакнуваат умовите и ви ги држат под контрола со што станувате послушници на системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неоти него не го дупи куршум? — почна да ги насрчува кога ги виде замислени, а во себе и сам се запраша: „Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)