само (прил.) - жив (прид.)

Јадевме само жива пченка, вели, влеговме во една нива и накршивме кочани пченка, вели, и после нѐ болеше многу срце. Нѐ свитка мевот од бола, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поднаучи Мехмед паша многу за историјата на градов: сам бараше, читаше и вртеше стари ракописи што ги порачуваше дури од Цариград: беше и еден од малкуте Турци што не беа докрај опијанети од славата на полумесечината: и кој знаеше дека и пред нив овде имало не само живи, туку и славни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)