само (прил.) - проблем (имн.)

Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Само проблем беа парите. Се уплаќаше минимум илјада евра, а моите дома секако немаа пари за да ми овозможат такво нешто.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)