10. Најпосле остана Толе сам да „пашува“ по неговиот „пашалук“ — старо Мариово, со своите арамии.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оче Симеоне, ти си реакција? Не сум. Само коренот не ми се впил длабоко во оваа почва.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)