И не само зборовите што не се изговараат, туку низ нив ѕирка душата на човекот што ги носи очите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Само зборот како куршум во времето што пука ни монсуните не можат да го вратат назад...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Кажи ми, што се случува со неа кога ќе ја исмеат, продолжував да трагам по одговорот злоупотребувајќи ги не само зборовите туку и мислите на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во тој извонреден јазик не постојат, значи, само зборови кои кажуваат како „јако“ така и „слабо“, или како „наредување“ така и „потчинување“; постојат и композитуми како на пример „стармал“, „далекублиз“, „врзувараздвојува“, „надворвнатре“..., кои - наспроти нивниот склоп кој во себе го вклучува она што е најразлично - значат само, во првиот пример „млад“, во вториот само „близу“, во третиот само „врзува“, во четвртиот само „внатре“...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)