само (прил.) - ние (зам.)

Потребна ни е духовна непоматеност за да почнеме да го почитуваме и разбираме спопствениот живот, зошто само ние и апсолутно никој друг нема власт над нас самите и царството што сами го создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Тука е, во бригадата. Само ние го викаме Немтур.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А и кому другему да се обрати? Само ние двајцата бевме крај езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Впрочем, не се тркаламе само ние во овие грозни црнила што зјапнале пред нас наместо иднина. Сиот свет.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)