Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А ноќта е век, само стои, не врви. Уплашена година. Така ме темне, ме дени. Сама.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само стои и само гледа. Каменот му ја подзема мислата, му шепти, и квечерина, кога се обиде тој да си ја поткрене раката и да му одмавне на каменот забележа дека веќе неповратно отпатувал: се скаменил.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)