само (прил.) - покаже (гл.)

Му пристапи службеникот од шеријатот: „Ќе го продавате ли местово, Јосиф ефенди?“ А Јосиф само покажа на Петрета: „Негова работа“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мирче: Чекај, ќе го најдеме, само покажи ми ги рацете!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само покажа со раката да седне на удобната фотеља пред него, која исто беше тапацирана со црвен сомот и продолжи да пишува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Само покажи му со прст на некого и тој ко кокошка ќе го заколе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)