само (прил.) - врне (гл.)

Сполај му на господа, што ќе беше ова, само врне и врне, не престанува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Снегот не се топел. Само врнел и врнел...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се бришам, а пот само врне од мене, утоп сум во снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)