Секогаш беше речиси ист.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како што очекуваше, таа седеше покрај една маса на речиси истото место и повторно сама.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Семејството практично не можеше да се напушти, а луѓето беа дури и поттикнувани да се грижат за своите деца на речиси истиот старомоден начин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така, на пример, табиетите на Џингис Хан, Сулејман Величествениот или Наполеон остануваат речиси исти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И други диктатори на империи како Карло Велики, Фредерик II, Шарл Кин, Хитлер, Сталин и други, со различни табиети, имаа иста цел да создадат универзална империја, според нивната утопија, според внатрешниот диктат на нивниот табиет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сексуална девијација во која главното сексуално задоволство и уживање произлегува од изложувањето на гениталиите пред личност од спротивниот пол. (ICD-9-CM)
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Гледаше во куќите крај патот. Се прашуваше како тоа сите се слични, речиси исти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Минувале времиња, градбите истрајувале, легендите останале речиси исти кај сите балкански народи, со мали разлики, но со заедничката бесмисла за жртвувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И оваа трансгресија ќе ја зајакне неговата неодолива импулсивност, речиси истата онаа која ќе ја мотивира неговата мајка да го преземе фаталното патување во родната земја и која ќе биде принудена да го скрати.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ги имаат речиси истите мисли, што би ги имале таму, во снегон; а најдобро од сè друго го сеќаваат она, што би го помислиле, оттаму, од снеговине, за едни вакви скриени тројца зад некој ѕид и зад неколку чекори простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше како куќичките што се цртаат на честитките за Новата година, речиси иста како онаа на честитката, што му ја испрати неодамна неговиот син Јовко од градот, во кој се школуваше во гимназијата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дури и бемките во очите на тројцата им се речиси исти.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тоа се секојдневни зборови... речиси исти... Ги препознавате“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А не знаев ни дека, во речиси истиот миг, на страницата на Нешнал ривју, едно конзервативно списание за политички коментари, основано од Вилијам Ф. Бакли Помладиот, во рубриката Телеграми објавиле напис со наслов „Како да се биде геј – I“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Речиси иста судбина во различни времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Повеќе од кога било во мислите беше обземен од прашањето како е можно луѓето, а еве сега и птиците и неговите јагули, во времето на завршувањето на животот да ги обземе речиси истиот инстинкт на враќањето на почетната точка на егзистенцијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И почетокот и крајот од животот на Мајка, како и неговиот тек, беа речиси исти – сѐ беше обележано со нејзината лична трагика којашто ја поднесуваше и ја потиснуваше длабоко во себе без, притоа, ни најмалку да ги беспокои сите околу себе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)