речиси (прил.) - секој (зам.)

Кога виделе дека земјата им се поиспостила, а тревата речиси секоја година горела од жешкото сонце, тие намислиле да побараат попогодни места, кои во тоа време ги имало во изобилност.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од тогаш до крајот на 1910 г. речиси секоја недела се појавуваа мои цртежи; може да се рече дека со графичките прилози исклучиво јас битно го одредував „Стурм” во неговата прва година на излегување, а делумно и следните две години.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во принцип, сите долу опишани системи би можеле да се пишуваат со речиси секое множество од графетички конвенции.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Велат дека речиси секој жител на градот барем еднаш неделно поминува по неколку часа во ладовините на оваа планина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во почетокот на дваесеттиот век визијата за едно идно општество, неверојатно богато, неоптоварено со работа, уредено и делотворно - за еден блескав антисептички свет од стакло и челик и снежнобел бетон - беше дел од свеста на речиси секој образован човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако не престојува во студентски дом, патот од Куманово до Скопје треба да му го плаќаме речиси секој ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако е тоа способноста да се војвам по заснежени падини за да ме изедат волците, благодарам, тоа го можеше речиси секоја огорчена будала.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Паметам оти по сокаците таа вечер, речиси секоја година, имаше крцкав снег. по стреите на куќите висеа долги мразулци, а сињакот ми ги боцкаше ушите и ноздрите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Речиси секој ден Рози наминуваше кај овој ползавец, како кај драга пријателка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа што веднаш и тревожно нѐ вознемируваше беше таа тотална отсеченост од светот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го држев во внатрешниот џеб од палтото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А името на ветерот беше, најочекувано – женски! - речиси секоја година, некаде околу средината на мај, навечер ми се појавува уртикарија по нозете и по рацете, страшно ме чеша и ме присилува, барем три пати, да се будам преку ноќ и да се драскам како луд, долго не успевајќи да заспијам, со нервозна топлина внатре, во телото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш, како ученик во шесто и седмо одделение во основното училиште „Владимир Илич Ленин“, се дружев со споменатиот Мики и уште двајца школски другари, Зоки и Тоше, со кои, речиси секое попладне во Центарот, меѓу и во зградите, си игравме „Илјадници“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Скаутите, кои што како свој слоган го воспоставиле be prepared (биди подготвен) имаа огранок во речиси секој поголем град на некогашната СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Знам дека пред да одам на тоа патување кое траеше десеттина денови цела недела се подготвував да одам во Лисиче за да ја видам и да се поздравам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја сонував речиси секоја вечер.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така што сега речиси секоја ноќ се спуштам и го посетувам Џонс.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Паричен надоместок во случај на невработеност Во врска со паричниот надоместок дојде до промена во речиси секој поглед.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Згора на сѐ, тоа се случуваше пред нашите зачудени очи, речиси секој ден.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имаше меѓу нив славни риболовци и ловџии, најдобри познавачи на речиси секое катче на езерската земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби некој од колегите му беше укажал дека и покрај грдите предвидувања на спомнатиот автор Кафка, неговата земја на која и предвидувал зла судбина за нејзина голема среќа но и за среќа на нејзините жители и покрај фактот дека има поминато низ големи преиспитувања и тешкотии ги има совладано сите нив и речиси секој ден го потврдува своето постоење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)