речиси (прил.) - бев (гл.)

Козите речиси беа сраснати со нашите животи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Лете пак, речиси беше постојано во селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Големиот станичен хол речиси беше празен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ДАСКАЛОВ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, речиси бев уверен дека тој ги сфатил причините за мојата несигурност и збунетост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Саво речиси беше заборавил на разговорот и работното место на човекот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од рацете и го истргнаа јарето кое речиси беше расчеречено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По средината, речиси беше скинато надве  како некој отпрвин да имал намера целосно да го искине сметајќи дека е безвредно, но потоа се премислил и го оставил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Крвта е темна“, рече професорот, којшто речиси беше завршил, „проверете го пулсот“.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја наследував татковата судбина - станував и јас на нов начин победник во поразите, низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжуваше судбинскиот, комплексниот егзил со кој речиси бев генетски предодреден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Видов дека ја дупнале вреќата со најкрупните ореви а лушпите никаде ги немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, кога ги отворија раниците речиси беа полни со јатки, а лушпите ги изнапикале под еден примитивно направен кревет.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За нас, ова вовче речиси беше свето зашто ни го овозможуваше враќањето во Земјата на езерата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Она што го бев рекол на излегување од сивата зграда , еве, можев и пред оваа визита да го спомнам без да ја навредам вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само во едно не беше упатена Катерина. Таа ни не сонуваше дека од зад вратата ја следи моето будно око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имаше ведрина во неговиот настап а разговорот речиси беше трчање бос по мека трева!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А исто така речиси бев сигурен дека скокот на Јана од коленото на Непознатиот Катерина го оценува како свој личен успех.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бев сигурен колку ќе можам да придонесам во отстранувањето на недоразбирањето помеѓу двајцата пријатели но сепак спомнав, само спомнав, но за да ме слушнат и двајцата, дека пред година или две речиси бев сигурен оти никогаш повеќе нема да дозволам да се вљубам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Анастасија речиси беше сигурна дека Радуле во желбата да ја расположи несреќната Стојна веројатно ѝ објаснуваше дека не треба да се срами бидејќи оние од горните прозорци се страдни да зафатат барем со малиот прст од густиот маџун на задоволствата што ги уживаат тие двајцата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој умрел во беда и немилост, а неговите кибер-вештини речиси беа заборавени.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
КИБЕРПАНКЕР: ПИЛОТ НА ВИДОВИТЕ Според Фуко, ако го промените јазикот ќе го промените општеството.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За него старите судски записи запишувани на големи пожолтени тефтери, речиси излитени од времето, беа вистински енциклопедии на мртвите, на преобратените, на живото време на луѓето, на некогашната империја, избришани од меморијата, особено во текот на XX век, кога речиси беше закопана Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Следеше спорото навлегување во Ајдахо, преку планините, и пустината, и Јута, и снегот се растопи и тогаш се роди бебето на кое што тие речиси беа заборавиле.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон не може да го поднесе плачењето на бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа таа излегува од комбето и пешачи три милји покрај реката до градот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најгорниот кат речиси беше готов, становите, иако личеа како јајце на јајце, како што се завршуваа, така добиваа некоја своја индивидуалност во зависност од тоа дали имаа балкони, дали пулеа на југ или север, на исток или запад, колку големо ходничето што ги собираше вратите од просториите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)