Терапевтските интерпретации што се употребуваат во психодинамски- ориентираната психотерапија, ретко или воопшто не се корисни, бидејќи по дефиниција тие се формираат во конверзациската област на професионалните кругови на кои им припаѓа терапевтот, но не и пациентот и другите учесници во терапијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секаде низ Европа, а можеби најмногу во Белгија, шумата, дрвјата, зеленилото толку многу се почитувани што ретко или воопшто не може да се сретне човек што би ги уништувал.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мошне е важно, особено ако се земе предвид општо прифатениот став на еден дел од младата публика којашто има позитивен однос кон марихуаната, иако ретко или никогаш не ја користи, дека марихуаната е во тесна врска со многумина најдобри поп музичари, вклучувајќи ги и Beatles и Rolling Stones.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ретко или сосем ретко можеа да се сретнат, дури и на Светската модна ревија на мебел, келничанки се макси облека.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Возрасните за жал играат ретко или пак безволно признаваат дека ја играат таа игра.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во амстердамските вертепи сѐ може да се сретне, луѓе од сите континенти, но ретко или никогаш, Холанѓани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ретко или речиси воопшто не се појавуваше на екранот, но затоа ушите на слушателите гледачи, речиси, веднаш ја препознаваа милозвучноста врзана за репортажата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Токму поради оваа необична сличност помеѓу „врвното доживување“, кое се јавува спонтано, ретко или никогаш во животот, и психоделичното доживување, кое може по желба да се повика со помош на дрогите, ова последното е толку привлечно за многу личности наклонети кон поезија, музика, сликарство, филозофија и религија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)