ретко (прил.) - има (гл.)

Додека за мене такво патување звучеше премногу неостварливо, зошто по принцип ретко имав таква луда среќа да ми се случи некое чудо како патување во странство, иако за некои луѓе тоа претставува секојдневие.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И онака ретко имаат прилика да прошетаат сами во приквечерните часови на битолското корзо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Никогаш не се прашал кој го крстил со тоа грдо име и затоа не се погледнуваше во огледало, едно што по домовите ретко имаше такви луксузи, а друго и затоа што не сакаше да си ги гледа мозолките по лицето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Џулија, во секој случај, ретко имаше сосем слободни вечери.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
МАТЕЈ: Ретко има Руси автостопери во овие краишта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Луѓето не ретко имаат многу измешани емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За љубовта која што многу ретко има среќен крај и за машката тага растопена во литар со литар (смедеревка&кисела).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)