Малечката Пелагија ретко доаѓаше, кога ќе се појавеше обично беше со мајка си или со бабата Перса, згора на тоа, Мурџо или беше пред нив или зад нив со високо крената опашка и веднаш штом ќе се појавеше Дончо, ги покажуваше забите како предупредување да не се случи нешто со неговата Пела.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но никој не ми е крив, јас постојано ѝ досадувам на тетка ми Оце и ѝ префрлам што ретко доаѓа кај нас со Дена и што немам шанса да се покажам како добра, голема и паметна братучетка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Па нели рече дека и самата ретко доаѓа тука, тогаш, кој е тој што беспрекорно го чува овој имот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Современите возачи сепак го познаваат контекстот, така што ретко доаѓа до двосмислености.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Снегот толку ретко доаѓаше во нивниот град - Илчо едвај го дочека, па реши да не му се плаши на студот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
А таквите прилики ретко доаѓаат, што значи ќе го јаваш ежот.“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Сега ќе ти раскажам нешто многу интересно за Маврово, ама ќе ме слушаш внимателно, важи? – ѝ реков на Дена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Најмногу, се разбира, беа за тоа на Лумана да му се дојде до глава, ама тој ретко доаѓаше в село и кога ќе дојдеше, никој не знаеше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)